Зоран Бркиќ ја изненади јавноста со необичен потег – си постави надгробен споменик за време на својот живот и го украси со фотографии од познати личности, меѓу кои и балканската ѕвезда Цеца Ражнатовиќ.
Нејзиниот автограм од 1980-тите дури бил врежан на споменикот, заедно со стихот од песната: „Јас сум цвет, чуден цвет“, за која тој тврди дека Цеца му ја отпеала лично.
Бркиќ откри во емисијата „150 минути“ дека не побарал дозвола од познати личности за да ги користи нивните фотографии:
– Отидов кај адвокатот и го прашав за тоа, а тој ми рече: За што треба да те гони? Ако не ти се допаѓаат, нема да објавуваш слики. Цеца Величковиќ, имам слика од неа, ми ја даде и на задната страна пишува: „Зорана за спомен, Цеца Величковиќ“. Тоа беше во 1987, 1988 година, рече Зоран.
На споменикот е врежано: Цеца Величковиќ ми пееше „Јас сум цвет, чуден цвет“.
Најбизарниот детаљ е што Бркиќ веќе ја врежал годината на својата смрт – 2057 година.
Оваа необична сцена од гробиштата набрзо стана вирална на социјалните мрежи, предизвикувајќи лавина од коментари и изненадување на минувачите кои останаа без зборови пред неговиот споменик.