Печурките го заменуваат месото, па ќе им одговараат на вегетаријанците и на оние што не јадат месо. Ќе ви ги стопли душата и телото, диетална е и лесна.
Неопходно е
- 300 гр свежи печурки
- 1 главица кромид
- 1 мал морков
- 1 чаша млеко
- 1,5 дл крем за готвење
- сол
- бибер
- мешавина на зачини
На малку масло продинстајте го ситно исечканиот кромид, па додајте ги шампињоните исечкани на листови (оставете 2 шампињони). Кога шампињоните ќе омекнат, испасирајте ги со миксер со стапче. Вратете го на шпорет, додадете два ситно сечкани шампињони, моркови исечкани на коцки, мешавина од зачини, сол, бибер и покријте со вода. Кога морковите ќе омекнат, додадете млеко и павлака, кратко сварете, па послужете.