Новинарката на RTL, Ивана Иванда Рожиќ, доживеала непријатна ситуација додека известувала за пожари во Далмација, кога Канаѓанец и прелетал над главата и ја полеал со вода.
На видеото што го сподели данас.хр на социјалните мрежи се гледа како новинарката известува за пожарите што ја зафатија Далмација. Додека во еден момент ситуацијата е стабилна, во друг момент новинарката Рожиќ е целосно мокра.
„Известувањето во итни ситуации понекогаш може да заврши вака“, напиша таа во описот на објавата, која за само неколку часа собра повеќе од 680.000 прегледи.
@danas.hr Izvještavanje u izvanrednim situacijama ponekad može završiti i ovako 👇 #rtl #danashr #reporteri #izvjestavanje #pozar #hrvatska #fyp
♬ original sound – Danas.hr
Во позадина, на крајот од видеото се слуша гласот на колешката која вели: „Фризурата е трајна“, па многу корисници на социјалните мрежи се смееја и покрај тешката ситуација и можноста да се случат сериозни повреди.
Потсетуваме, неколку пожари во моментов се активни во Далмација, а најтешко и понатаму е во близина на Тучеп, каде пожарникарите трет ден се борат со пожарот. Пожарот го зафати и паркот на природата Биоково и стигна до Подгора. Хрватските медиуми јавуваат и дека ситуацијата е сериозна во Врсине кај Трогир.