Холандскиот претставник на Евровизија, Јост Клајн, повторно ги шокираше фановите со бришење на сите фотографии и видеа од Евровизија 2024 од својот Инстаграм профил .
Оваа неочекувана акција предизвика многу шпекулации за тоа што се случува зад сцената на неговото учество на ова престижно натпреварување. Навивачите се оставени во неизвесност во очекување на официјалното соопштение за причините за овој потег.
Да потсетиме, Јост Клајн денеска требаше да настапи на пробата по петти пат по ред. Сепак, тој не се појави на сцената, иако на арената пристигна со останатите кандидати.