Непал ќе ги укине надоместоците за искачување за 97 врвови

Непал ќе ги укине надоместоците за искачување за речиси 100 врвови во оддалечените региони на северозападните Хималаи во текот на следните две години за да се обиде да привлече повеќе алпинисти во овие помалку развиени и помалку популарни области, изјави вчера официјален претставник. Земјата отвори вкупно 491 врв за искачување, но алпинистите се фокусираат на околу 25 од нив во североисточен и централен Непал, вклучувајќи го и највисокиот врв, Монт Еверест, на кој стотици луѓе се обидуваат да се искачат секоја година.

Службеникот за туризам Химал Гаутам рече дека одлуката за укинување на надоместоците за 97 врвови, кои се движат од 5.870 метри до 7.132 метри, имала за цел да го промовира планинарењето на пониските планини во оддалечените региони.