Германскиот канцелар Олаф Шолц порачал претходниот ден во телефонски разговор со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, дека заштитата на цивилите во Појасот Газа и обезбедувањето хуманитарна помош се клучни, соопшти кабинетот на канцеларот.
Се наведува дека Олаф Шолц ја повторил непоколебливата солидарност на Германија со Израел, но ја истакнал важноста од заштита на цивилите и хуманитарните резерви за луѓето од Појасот Газа.
Во соопштението на израелската Влада се наведува дека Бенјамин Нетанјаху му дал на Олаф Шолц информации за моменталната состојба на војната против Хамас и му се заблагодарил за поддршката за Израел, пишува Times of Israel.
За потсетување, Олаф Шолц го посети Израел во раните денови од војната и вети дека ќе застане покрај Тел Авив.