– Низа неправилности се утврдени во отпади во кичевско при контролата што заеднички ја направија Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат и Инспекторатот за животна средина, Управата за јавни приходи и Царинската управа.
Во отпад за половни возила во Кичево, сопственост на Д.А. констатирана е неправилност за извршување на нерегистрирана дејност. Издаден е платен налог и изречена е забрана за извршување дејност од 30 дена. Од Царинската управа е издадена наредба за непостапување за неколку возила со странско потекло за кои ќе следи и понатамошна постапка, а од Државниот инспекторат за животна средина е констатирана неправилност во врска со извршување дејност без дозвола за работа за што ќе следи соодветен поднесок и понатамошна постапка за третирање на отпадот.
Во отпад во село Грешница на магистралниот пат кај село Зајас, констатирано е дека отпадот не е регистриран и дека има небадажирана вага, за што е издаден платен налог, додека при контрола на деловен субјект, сопственост на Х.П. од Кичево во индустриската зона Кичево констатирани се неправилности во врска со неистакната фирма и небаждарена вага, за кои ќе биде изречена глоба. Од Државниот инспекторат за животна средина е констатирано дека субјектот нема дозвола за извршувањее на дејност и друга законски неопходна документација, поради што ќе биде изречена глоба, додека од страна на Управата за јавни приходи е утврдено дека деловниот субјект нема фискален апарат, поради што ќе биде изречена казна и забрана за работа од 30 дена.