Сериозна конкуренција на тенковите од западно производство!?
Борбените карактеристики и мобилноста на рускиот тенк Т-90М „Прорив“ непријатно ја изненадиле украинската армија , пишува весникот „Милитари воч магазин“.
Експертите наведуваат дека Т-90М ги надминува другите руски оклопни возила и може да биде сериозен конкурент на западните тенкови.
- Најистакнатите карактеристики на тенкот Т-90М се: цврст оклоп, широка употреба на динамичка заштита од кумулативни оклопи „реликт“, модерна контрола на оган, термички нишан и дигитален дисплеј за командантот – се наведува во написот.
Авторот на написот укажува на малите димензии на тенкот Прорив, кој е околу две третини од големината на западните конкуренти, што ги намалува трошоците за гориво и создава дополнителни пречки за непријателската артилерија.
Т-90М има големи противпешадиски и противтенковски способности, мобилност и заштита, што го прави кандидат за најдобар тенк, заклучува новинарот.