Непријатно зуење во ушите

Стоматологот др. Џорџ Магулак изгради уред кој неподносливото зуење го претвора во пријатно искуство

НЕМА лек за тинитус, но постои начин барем да се ублажи ова нарушување кое погодува речиси 50 милиони луѓе.

По лично искуство со непријатното зуење, стоматолог др. Џорџ Магулак од медицинскиот центар „Хенри Форд“ во Мичиген, изградил уред кој неподносливото зуење го претвора во пријатно искуство, пренесува Телеграфи.

Уредот емитува смирувачка музика, во ритам со отчукувањата на срцето додека одмараме, па зуењето во ушите исчезнува во позадина и престанува да мачи.

Пациентите го носат малиот апарат два до четири часа дневно, а по шестмесечна терапија симптомите се поблаги во 91 отсто од случаите.

Пумрењето станува потивко и помалку го нарушува секојдневниот живот – објаснува аудиологот Кари Сломински и додава дека овој неоромански уред во Америка е достапен на рецепт, иако се уште е во експериментална употреба.