Фудбалерот на Сампдорија, Себастијан Еспосито дојде до израз поради неговата несекојдневна прослава на гол.
Жртва на неговото славје е тренерот на Сампдорија, легендарниот Андреа Пирло , кој на своја кожа почувствува нешто што веројатно досега не го доживеал.
Еспосито вчера постигна два гола, а по вториот гол не можеше да ги контролира емоциите и почна да го „гуши“ и да го тресе тренерот, па многумина на почетокот не разбраа за што се работи.
Сампдорија и по вчерашната победа е на претпоследното место во Серија Б со 19 бодови.