Патувањето на фудбалерот на Монако во Белгија се претвори во вистинска драма, а тоа беше во пресрет на натпреварот од 1. коло од Лигата на шампионите против Клуб Бриж.
Имено, на летот за Бриж, клима уредот во авионот откажал, поради што патничката кабина се претворила во вистинска сауна. Топлината станала неподнослива, па фудбалерите, меѓу кои и Ансу Фати, Ерик Даер и Такуми Минамино, биле принудени да се соблечат и да останат само во долна облека за да се разладат што е можно повеќе.
Холандскиот репрезентативец Џордан Тесе го снимил целиот настан со својот мобилен телефон, а видеото што го објави на својот профил на „Snapchat“ ги прикажува играчите како мавтаат со рацете, бришат пот и се обидуваат да преживеат во прегреаната кабина.
Друго видео ги прикажува играчите како излегуваат од авионот на пистата, сè уште облечени само во долна облека, додека персоналот се обидува да се справи со ситуацијата. На крајот, летот беше целосно откажан, а тимот се врати во Монако и ќе патува на денот на натпреварот (четврток).
Тренерот Ади Хитер објасни зошто е донесена одлуката за одложување на патувањето:
– За жал, не можевме да патуваме. Не знам дали овој прекин ќе има некакви последици, но ние сме професионалци и веднаш го прилагодивме распоредот. Следниот ден ќе патуваме за Бриж, што е најдоброто решение во моментов, особено затоа што и ние патувавме таму до Оксер минатата сабота. Од технички причини, летот не беше можен бидејќи не можеше да се гарантира безбедноста на сите патници. Затоа, во договор со извршниот директор Тијаго Скур, решивме да го одложиме патувањето – рече Хитер.
🚨L’AS Monaco a vu son vol être annulé pour un problème d’air conditionné. ❌😭✈️
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) September 17, 2025
Les joueurs ont finit par sortir de l’avion en caleçon. 🩳
🎥 (@JetsLigue1) pic.twitter.com/zDIKhesScU