На крилата на маестралниот Никола Јокиќ, Денвер Нагетс убедливо ја совлада Атланта со 141:111.
Никола Јокиќ одигра уште еден натпревар за паметење. Најдобриот кошаркар на планетата мечот го заврши со 48 поени, 14 скока и осум асистенции.
Тој беше нерешлива енигма за одбраната на Хокс. Доминираше на паркетот, играше брилијантно со соиграчите и погодуваше од сите можни позиции.
Сепак, еден потег особено се истакна. Во финишот на првото полувреме постигна тројка која ги остави сите во неверување. Во последните секунди од вториот дел ја прими топката, а потоа шутираше од центар над Клинт Капела и погоди!