Од Романија пристигнуваат нереални вести!
Во екот на летниот трансфер пазар и потрошените милијарди евра низ Европа и Саудиска Арабија, еден клуб од Балканот успеа да дојде во центарот на вниманието на светската јавност.
Второлигашот Виторул од Таргу Жију, град познат и како Живоград, донесе Камерунец по име Азиз Нџоја Њифакуе од четвртата лига Лугос во замена за два контејнери! Да, добро прочитавте!
Камерунецот немаше договор со Лугос, но челниците на овој клуб не сакаа да му даваат „чисти хартии“ и бараа барем нешто за него.
Виторул им понудил да им достави два контејнери, а Лугос прифатил и во наредниот период ќе ги користи како соблекувални.
Навистина, урнебесен и повеќе од симпатичен трансфер кој му оди контра на модерниот фудбал!