На натпреварот против Индијана Пејсерс, Словенецот ја направи можеби најдобрата асистенција во сезоната досега.
Лука Дончиќ повторно се истакна во важниот триумф на Далас Маверикс над Индијана Пејсерс (127:104).
Словенецот постигна 25 поени а фати седум скока и додели шест асистенции, од кои една се истакна и ќе се памети долго.
Лука со своето прекрасно додавање ги воодушеви љубителите на кошарката ширум светот. Брилијантниот ас на Далас најде решение во навидум безизлезна ситуација. Лука беше удвоен на првата линија и во момент кога се чинеше дека е во сериозна неволја, скокна и уфрли нереално додавање до Џејден Харди кој погоди тројка од спротивниот агол.
Неговата луда асистенција го воодушеви и Леброн Џејмс, кој ја сподели акцијата на социјалната мрежа Твитер и напиша: „Човеку, ова е тотално лудо“.
Уживајте во одличниот потег на Словенецот: