НЕСВЕСНО ПРИЗНА ДЕКА ГО РАСПАРЧИЛ ТЕЛОТО НА ДАНКА ИЛИЌ?! Далибор Драгијевиќ пред смртта КАЖА РЕЧЕНИЦА која ги натера инспекторите да се посомневаат во НАЈЛОШОТО!?

Осомничениот Далибор Драгијевиќ (40) од Бор, кој доби притвор до 48 часа поради сомнение дека му помагал на Дејан Драгијевиќ (50), осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ по стореното дело, почина на 7 април во Полициското одделение во Бор.

Далибор починал во притвор како последица на срцев удар.

Што се случило со телото на Данка Илиќ се уште не е познато, меѓутоа, како што дознава порталот Република, Драгијевиќ пред срцевиот удар кажал реченица која на некој начин го издала. Односно, од неговата приказна изгледа како најлошото да го направил тој со телото на Данка. 

Имено, на прашањето на инспекторот дали го распарчил телото при прикривањето, тој рекол „Па, како можев да го распарчам телото, има пелени и се…“.

Меѓутоа, Данка во моментот на исчезнувањето навистина носела пелени, што фрлило сомнеж во неговото сведочење, а мажот на возраст од четириесет години не можел да знае дали малото дете има пелени. 


АПСЕЊЕ

Да потсетиме, Далибор Драгијевиќ беше уапсен на 6 април, заедно со неговиот татко Радослав, под сомнение дека му помагале на својот брат Дејан да го премести телото на убиената Данка Илиќ.

Како што пишувавме, Далибор пред смртта признал дека му помогнал на својот брат Дејан да се ослободи од телото на Данка Илиќ. Тој ја водеше полицијата на неколку локации, но телото на Данка Илиќ не беше пронајдено на ниту една од нив.

Ненадејната смрт на братот на убиецот може да влијае на истрагата, бидејќи тој беше еден од трите клучни луѓе кои можеа да и помогнат на полицијата во потрагата по телото на Данка.