Несекојдневна ситуација во студиото на РТС: Водителката заспала на масата

Необична ситуација се случила на српската јавна телевизија, каде водителката малку „дремела“ во студио.

Ивона Пантелиќ, шеф на РТС, на Инстаграм сподели комична фотографија направена во студио. На него се гледа како водителката дреме на масата, потпрена на раката.

Потоа објаснила зошто е направена фотографијата: „Ништо не покажуваше дека имам 38 степени темперетура освен дека сум малку поспана“.

„Toa ти e вистински професионалец во својата работа“, „Убавицата заспа“, „Најубавото лице на РТС“, беа само дел од коментарите.

Пантелиќ со години е заштитно лице на Радио телевизија Србија, а на телевизија работи повеќе од 20 години. Гледачите на РТС можат да ја гледаат Ивона во Дневник.