Маж по потекло од Авганистан го запрел сообраќајот на возот кога легнал на шините во близина на германскиот град Касел и почнал да се самозадоволува!
Инцидентот се случил во вторникот вечерта.
- Машиновозачот на регионалниот воз мораше ненадејно да закочи во реонот на железничката станица Касел-Јунгфернкопф – изјави портпаролот на полицијата.
Мажот, кој според германските медиуми има 30 години, лежел на сред патека со спуштени панталони и си играл сам со себе. Возот застанал пред него, но тој продолжил да мастурбира, игнорирајќи ги присутните.
Патниците ја снимиле необичната сцена од возот.
Поради инцидентот 13 воза доцнеле околу четвртина час.
Федералните службеници на крајот го приведоа човекот. Против Авганистанецот е покрената кривична постапка поради сомнение дека опасно го попречувал железничкиот сообраќај.
Сексуален манијак од Њујорк, да потсетиме, почнал да мастурбира во преполн воз сред утринскиот шпиц, а потоа ејакулирал на панталони на една жена, соопшти полицијата.