НЕСЛАВЕН РЕКОРД ВО АНГЛИЈА – Апсењата поврзани со фудбалот значително се зголемија: “Ова не е прифатливо“

Апсењата поврзани со фудбалот во Англија и Велс се највисоки од 2014 година, објави Министерството за внатрешни работи на Велика Британија.

Во изминатата фудбалска сезона (2022/23) имало 2.264 апсења поврзани со фудбалот, што е рекорд од девет години, додека 1.624 забрана за натпревари биле на сила, се вели во извештајот.

Најчестите типови на апсења поврзани со фудбалот се јавниот неред (34%), насилство (21%), прекршоците од алкохол (9%) и поседувањето дрога (9%), се вели во извештајот.

Апсењата за прекршување на терен се намалени за 53 отсто во споредба со сезоната 2021-2022 година“, се додава во извештајот.

Втора сезона по ред најголем број приведени се навивачите на Вест Хем Јунајтед (89), потоа навивачите на Манчестер Јунајтед (83) и навивачите на Лидс Јунајтед (69).

Навивачите на Манчестер Јунајтед имаат најголем број важечки забрани (69), а потоа следат Милвол (66) и Лестер Сити (56).

Првиот човек на националната фудбалска полиција, Марк Робертс, истакна дека е важно фудбалските навивачи да се прикажуваат праведно.

Рекордни 45 милиони луѓе присуствуваа на домашни и меѓународни натпревари во Англија и Велс минатата сезона и гледаме околу пет апсења на секои 100.000 луѓе. Ова јасно значи дека огромното мнозинство луѓе само доаѓаат да уживаат во играта“, вели тој.

Сепак, се уште има луѓе кои прават проблеми и презедовме позитивни“, додаде тој.

Марк Робертс истакна дека е зголемен бројот на онлајн злосторства од омраза. Евидентирани се 234 случаи на онлајн злосторства од омраза, што е зголемување од 103 претходната година.

Ова не е прифатливо, покажавме преку неодамнешните обвиненија дека луѓето не можат да се кријат зад профилите на социјалните мрежи за да објавуваат гнасни коментари и да шират омраза“, заклучива тој.

АнглијаВелсфудбал