“НЕСПОСОБНИ ЛИДЕРИ!“ – Доналд Трамп повторно предупредува: “Ова е најопасниот период во човечката историја, може да завршиме со Трета светска војна!“

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, предупреди дека неспособните политички лидери и напредното оружје го загрозуваат опстанокот на човештвото.

Неспособните лидери го турнаа светот на работ на целосно уништување со нуклеарно оружје кое е 500 пати помоќно од атомските бомби што американските војници ги фрлија врз Јапонија за време на Втората светска војна“, предупредува Доналд Трамп.

Можеме да завршиме во Трета светска војна поради целата оваа работа“, тврди Доналд Трамп во интервју за Fox News, додавајќи:

Верувам дека ова е најопасниот период во историјата на човештвото, број еден, а тоа е затоа што луѓето кои се неспособни се на врвот“.

Доналд Трамп мислеше на руско-украинската војна. Водителот Такер Карлсон го праша кој е одговорен за експлозиите на гасоводот „Северен тек“, а Доналд Трамп одговори дека мисли дека тоа не е Русија и дека најверојатно САД се вмешани во тоа, но дека не сака да ја доведе својата земја во неволја доколку каже нешто повеќе.

Доналд ТрампСАД