Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја посети воздухопловната база Тел Ноф и разговараше со пилотите кои учествуваа во нападите врз Иран.
Во оваа прилика, Нетанјаху го повтори тврдењето дека Израел го контролира небото над Техеран, што им го олеснува нападот врз Иран.
„Ова е промена во целата воена кампања. На добар пат сме да ги постигнеме нашите цели за уништување на нуклеарните и балистичките закани на Иран“, рече тој.
Тој, исто така, уште еднаш испрати предупредување до граѓаните на Техеран да се евакуираат.
„Кога го контролираме небото над Техеран, ние ги погодуваме овие цели, за разлика од Иран кој ги таргетира нашите граѓани и убива деца и жени. Им велиме на граѓаните на Техеран: „Евакуирајте се“, заклучи Нетанјаху.