Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху даде интервју за германскиот таблоид Билд во кое рече дека има намера да изврши инвазија на градот Рафах на јужната граница на Појасот Газа и откри кога војната би можела да престане. .
Политико пишува дека Нетанјаху му пркоси на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди дека израелската офанзива на Рафах ќе биде „црвена линија“ за Вашингтон.
– Ќе одиме таму (во Рафах). Нема да ги оставиме. Знаете, јас имам црвена линија. Дали знаете каде е таа црвена линија? За да не се повтори 7 октомври. Нека никогаш повеќе не се повтори – рече Нетанјаху, мислејќи на нападот на Хамас врз Израел во кој палестинските екстремисти убија повеќе од 1.160 луѓе, со што започна војната.
Израелскиот премиер тврдеше дека има премолчена поддршка од неколку арапски лидери да продолжи да го гази Хамас, но не ги именуваше.
– Тие го разбираат тоа, па дури и тивко се согласуваат со тоа. Тие разбираат дека Хамас е дел од иранската терористичка оска – рече Нетанјаху.
Тој даде предвидувања и за крајот на војната во Појасот Газа.
– Уништивме три четвртини од борбените терористички баталјони на Ханас. И ние сме блиску до завршување на последната фаза од војувањето – рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер рече дека борбите би можеле „да траат „повеќе од два месеци“.
Можеби шест месеци, можеби четири – додаде Нетанјаху.
Тој процени дека досега се убиени околу 13.000 палестински борци, со 1-1,5 убиени цивили на секој член на Хамас.
Политико наведува дека тоа би значело дека загинале повеќе од 26.000 Палестинци.
Вчера светските медиуми ја пренесоа изјавата на Бајден, дадена пред да знае дека микрофонот е вклучен, дека му рекол на Нетанјаху дека двајцата ќе одржат состанок „дојди кај Исус“ во врска со испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа.