Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху патува во Вашингтон на третата средба со американскиот претседател Доналд Трамп откако се врати во Белата куќа.
Пред да се качи на летот за Вашингтон, Нетанјаху рече дека Израел има можност да „го прошири кругот на мирот многу повеќе од она што можевме да го замислиме“.
Тој инсистира дека Израел нема да се согласи на договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците што ќе му овозможи на Хамас да остане во Појасот Газа.
„Нема да дозволиме ситуација што охрабрува киднапирања и убиства“, вели тој.
Во исто време, да ве потсетиме, израелскиот преговарачки тим патува во Доха на индиректни разговори со Хамас.
Тој вели дека додека е во Вашингтон, ќе му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата поддршка за време на 12-дневната војна на Израел против Иран минатиот месец, што резултираше со „масовна победа“ над Исламската Република.
„Со години се плашевме што ќе направиме со Иран и дали можеме да го победиме Иран. Нашите херојски пилоти летаа не само таму, туку и над Либан. И таму со години се грижевме што ќе направи Хезболах. Го нападнавме Хамас. Ова создава голема одговорност и можности“, рече Нетанјаху.