Нетанјаху посвети посебно внимание на пораката за Бајден: „Длабока почит за децениската поддршка за Израел“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон се сретна со бројни американски претставници, а меѓу другото, јавноста беше најзаинтересирана за неговата средба со Џо Бајден.

Нетанјаху и Бајден најголемиот дел од разговорот го посветија на ситуацијата на Блискиот Исток.

Се очекуваше Бајден да го притисне Нетанјаху да се обврзе на барем првата фаза од триделниот договор со кој некои заложници ќе бидат ослободени во замена за привремен прекин на огнот.

Висок претставник на американската администрација рече дека рамката за договорот е договорена, но дека се уште треба да се решат сериозни прашања за спроведување.

Освен средбата, пораката на Нетанјаху до Бајден, која ја остави во т.н Книги за гости.

„Со длабока почит за вашето децениско пријателство и поддршка за државата Израел. Најдобри желби“, рече Нетанјаху.

Во разговорот со Бајден и Харис вниманието на Нетанјаху го привлече договорот со Хамас за ослободување на заложниците.

„Време е овој договор да заврши“, му рече Харис на израелскиот премиер.