Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека ги информирал САД дека се противи на формирање палестинска држава во секое повоено сценарио.
Денешното соопштение ги разоткри длабоките поделби што се појавија меѓу блиските сојузници Израел и САД, оценува АП.
САД го повикаа Израел да ја намали својата офанзива и рекоа дека формирањето на палестинска држава треба да биде дел од „денот потоа“.
На националната прес-конференција, Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи офанзивата додека Израел не постигне „решавачка победа над Хамас“.
Тој, исто така, ја отфрли идејата за палестинска државност и рече дека им ги пренел своите ставови на Американците.
– Во секој иден аранжман… На Израел му е потребна безбедносна контрола на целата територија западно од Јордан – рече Нетанјаху на прес-конференција.
Според него, тоа е во спротивност со идејата за суверенитет.
– Што можеш да направиш? Премиерот треба да може да им каже не на нашите пријатели – нагласи тој.