Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека „ќе се случи пекол“ ако Хамас не се согласи да се разоружа.
Ова доаѓа откако Доналд Трамп предупреди дека „доколку тие [Хамас] не се разоружаат, ние ќе ги разоружаме, и тоа ќе се случи брзо и можеби насилно“, објавува „Телеграф“.
„Се согласуваме да му дадеме шанса на мирот“, изјави израелскиот премиер за Си-Би-Ес њуз.
Го прашаа што е потребно за да прогласи крај на војната во Газа и тој рече: „Мислам дека, во догледна иднина, не само за Израел, туку и за слободниот свет и цивилизираниот свет, мора да ја одржите вашата способност да се браните, бидејќи слободата не е трајна, ниту автоматска. Ако не можете да ги браните слободните општества, тие ќе бидат превземени од авторитарни или тоталитарни режими.“
Нетанјаху, исто така, повтори една од фразите на Трамп, велејќи „начинот на кој се купува мир е преку сила“.
Откако американскиот претседател во понеделникот му рече на Кнесетот дека Нетанјаху не е еден од „најлесните за справување“, израелскиот премиер рече „Јас сум многу строг по прашања што се однесуваат на иднината на мојата земја“.
„Кога верувам дека она што се бара од мене да го направам е правилно, велам [дека] е така, а кога мислам дека треба да кажам „не“, го кажувам тоа. И тоа е моја работа. Мојата работа е да ја заштитам еврејската држава и да ја обезбедам иднината на еврејскиот народ“, додаде тој.