Нетанјаху: Удривме за да ги заштитиме нашите граѓани од егзистенцијална закана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека воздушните напади врз Иран биле неопходна акција за одбрана на еврејската држава.

Во говорот што се емитуваше во живо, Нетанјаху рече дека Израел дејствувал за да спречи егзистенцијална закана од Иран, за кој рече дека е „на работ да поседува нуклеарно оружје“.

„Ова не беше напад, туку самоодбрана“, нагласи тој. „Иран со години тајно гради нуклеарна направа на која не може да се остави без одговор. Денес го направивме чекорот што требаше да се преземе.“

Нетанјаху додаде дека погодените цели биле внимателно избрани и биле од воена и нуклеарна природа. Тој негираше каква било намера да им наштети на цивилите и нагласи дека Израел не бара војна, но е подготвен да се соочи со секоја потенцијална закана.

Израелскиот премиер рече дека одбранбените сили се распоредени на сите граници и се во состојба на зголемена готовност. Тој предупреди дека секој одмазднички напад од страна на Иран ќе наиде на силен и непосреден одговор.

На крајот од говорот, Нетанјаху им се заблагодари на меѓународните сојузници кои, според него, „ја разбрале опасноста и го поддржале легитимното право на Израел да го брани својот народ“. Тој додаде дека Израел ќе продолжи да дејствува решително за да ја обезбеди безбедноста на своите граѓани.