Нетфликс ги одложи сериите на Бин Ладен: Некои гледачи се закануваат дека ќе ја откажат претплатата (фото)

Откако ја зголеми цената на својата претплата, стриминг платформата Нетфликс уште еднаш налути некои корисници. 

Имено, долгонајавуваната документарна серија за Осама Бин Ладен досега требаше да биде објавена на Нетфликс, но нејзиното објавување е одложено, а стриминг платформата не даде никакво објаснување за тоа.

„American Manhunt: Osama Bin Laden“ е документарна серија од три дела која требаше да биде објавена на 10 март, но тој датум помина, а серијата сè уште не е достапна на Нетфликс.

Серијата требаше да ја детализира операцијата за пронаоѓање и убиство на Осама бин Ладен, откако тој, како коосновач на Ал Каеда, ја презеде одговорноста за нападите на 11 септември 2001 година во кои терористите ги нападнаа кулите близначки во Њујорк.