Netflix објави трејлер за вториот дел од шестата и последна сезона на хит серијата „ The Crown“ , кој ќе биде достапен на оваа стриминг платформа од 14 декември.
Настаните во фокус
Првиот дел од шестата сезона ја следеше принцезата Дијана и последиците од нејзината трагична смрт , додека во вториот дел во центарот на вниманието е кралицата Елизабета Втора , како и принцот Чарлс, а голем фокус е на принцовите Вилијам и Хари. Финалето на серијата ќе ја прикаже венчавката на Чарлс и Камила, како и почетокот на врската меѓу принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
Важни настани што треба да се прикажат вклучуваат смртта на принцезата Маргарет, факултетските денови на Вилијам и златниот јубилеј на кралицата Елизабета.
Креаторот на серијата Питер Морган во интервју за Variety откри дека дејството на шестата сезона ќе престане во 2005 година, но поради смртта на Елизабета Втора, морал малку да го промени сценариото.
Крај на една ера
И покрај критиките за првиот дел од сезоната, фановите се воодушевени од најновиот трејлер.
„Одличен кастинг, како и обично“, „Ова е крај на една ера, едвај чекам да го дочекам вториот дел од сезоната“, „Едвај чекам да го видам крајот“, „ Се ежам, „Ова изгледа многу подобро од првиот дел од шестата сезона“, се дел од коментарите.