Бен Нидам имал година и пол кога исчезнал. Последен пат е виден на островот Кос во дворот на куќата на неговиот дедо во 1991 година. Момчето и неговата мајка се преселиле во Грција за да започнат нов живот.
Кери, мајката на Бен, пред неговото исчезнување мислела дека нејзиниот син е кај вујковците, но набрзо сфатиле дека момчето го нема. Во текот на полициската истрага постоело сомневање дека еден од членовите на семејството е вмешан во неговото исчезнување, но немало материјални докази дека некој го одзел момчето или му нанел штета.
Во 2016 година, полицијата се сомневала дека Бен загинал истиот ден во несреќа во која учествувал локален рудар, но семејството на рударот негирало каква било поврзаност меѓу момчето и него.
Со години се шпекулира што се случило со момчето. Неговата мајка Кери гостувала на ITV телевизија на 24 јули, на годишнината од денот кога исчезна, и рекла дека ја контактирал човек кој мислел дека е нејзин син.
“Ме убедуваше дека е Бен. Во неговиот живот се случувале различни работи и имал впечаток дека неговите родители не се негови родители. Откако разговарав со него, почнав да се убедувам себеси дека тој навистина е Бен. Размислував за тоа многу долго време. Сакате да бидете со отворен ум, но понекогаш е многу тешко да не дозволите чувството да ве води, особено затоа што тој човек многу личеше на него“, рекла Кери.
Откако побарала ДНК тест, излегло дека момчето кое тврдело дека е Бен не е синот на Кери.
„Срцето ми се скрши. Колку и да се обидов да се дистанцирам, не можев да го одвратам. Иако полицијата го затвори случајот во 2016 година, сè уште немаме ниту еден доказ што се случило со моето момче. Сè уште работиме да ја откриеме вистината“, заклучила Кери.