Политичарката од Њу Џерси е застрелана во својот дом во средата, а ФБИ ја истражува нејзината смрт.
Полицијата ја пронашла убиената Јунис Двамфор во автомобил со неколку рани од куршуми. Откако Дармфор е застрелана, нејзиното возило излетало од патот и удрило во паркирани автомобили.
Соседите за CNS News раскажале дека слушнале два пати по четири испукани куршуми. Кога погледнале од каде допираат звуците, виделе некој како трча кон шумата во близина,како и дека таа личност носела качулка на главата, претрчала меѓу две згради и прескокнала ограда.
Полицијата ја пребарала шумската област покрај станбениот комплекс каде живеела Јунис Двамфор.
Обвинителката Јоланда Чиконе наведува дека делува дека политичките ставови на жртвата не биле мотив за убиство. Двамфор беше сметана за ѕвезда во подем во Републиканската партија.
Детективите го пронашле телефонот на жртвата на местото на убиството. Како што кажале, ги истражуваат личните, професионалните и верските аспекти од животот на жртвата.