Славниот бразилски фудбалер Нејмар би можел да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Фудбалерите на Ал Хилал добиле три понуди од МЛС, открива угледниот американски ЕСПН.
Нејмар (32) во Ал Хилал пристигна во 2023 година од Пари Сен Жермен во трансфер вреден 90 милиони евра, а богатиот клуб од Саудиска Арабија реши да му даде на Бразилецот 300 милиони евра за двегодишен договор.
Испадна дека е пропуст на векот.
Поради проблеми со повреди, за клубот од Ријад одигра само седум натпревари, а заработи милиони. Верувале или не, тој лани помина само 42 минути на теренот, но заработи 101 милион евра. Очекувано, Ал Хилал нема намера да ја продолжи соработката со Нејмар, па Бразилецот почна да бара нов клуб.
Очигледно ќе се пресели во Америка. Наводно, од МЛС пристигнале три понуди, а еден од заинтересираните клубови е Чикаго Фајр.
Се шпекулираше дека Нејмар сака да им се придружи на Меси и Суарез во Интер Мајами, но менаџерот Хавиер Маскерано неодамна истакна дека трансферот не е можен поради правилата на лигата.
Интересно е што Нејмар пред само неколку недели инвестираше 26 милиони долари во парцела на брегот на Мајами, каде што планира да изгради вила од 13.000 метри квадратни, со помош на позната дизајнерска куќа од Лондон.