Познатиот фудбалер Нејмар синоќа го следеше натпреварот Мајами – Портланд , а имаше можност во живо да го проследи и српскиот репрезентативец Никола Јовиќ , кој мечот го заврши со пет поени, два скока и три асистенции.
Мајами го совлада Портланд со убедливи 142:82, па на славниот Бразилец сигурно не му беше досадно.
Воедно, Нејмар не се врати дома со празни раце, бидејќи доби и одличен подарок.
Имено, Нејмар потпишал патики од НБА ѕвездата Џими Батлер , по што се фотографирале.