Нејмар се договорил со новиот клуб за двегодишна соработка вредна, според бразилски „Глоуб“, 320 милиони евра., со околу 100 милиони кои ќе му бидат исплатени на ПСЖ како обештетување.
Сепак, придобивките за Нејмар не завршуваат тука поради неговата одлука да прифати предизвикувачка покана од Блискиот Исток, бидејќи, како што пишуваат француските медиуми, успеал да преговара за фантастични привилегии и дополнителни бонуси.
Оваа информација ја донесе „Фут Меркато“, кој дознава дека Бразилецот ќе има на располагање приватен авион во Саудиска Арабија,исто како и Кристијано Роналдо, но тоа нема да биде единствената заедничка придобивка за двата големи асови.
Имено, на Нејмар, како и Португалецот, ќе му биде дозволено да живее со својата партнерка Бјанкарди иако не се во брак , а парот ќе ужива во огромна куќа со слуги.
Во однос на финансиите, загарантираните 320 милиони на сметката ќе се зголемуваат за околу 80.000 секој пат кога Ал Хилал ќе победи, додека Нејмар ќе заработува неверојатни 500.000 евра за секоја приказна или објава што ќе ја објави на своите социјални мрежи доколку ја промовираат Саудиска Арабија во која било начин.