Бразилецот Нејмар во интервју за странски медиуми откри дека не се сложувал баш најдобро со Килијан Мбапе и дека често се расправал со него.
Тој откри и дека Французинот бил љубоморен по доаѓањето на Лионел Меси во редовите на клубот од Паркот на принцовите.
„Добро е да се има его, но мора да знаеш дека не играш сам“, рече Нејмар и потоа откри дека неговиот однос со Мбапе не бил секогаш најдобар.
„Не ми беше досадно со Мбапе. Имав мал проблем со него, се каравме на почетокот, но тој беше важен играч за нас откако дојде. Секогаш го нарекував „златното момче“. Секогаш играв со него реков дека ќе биде еден од најдобрите му помогнав и разговарав, тој дојде кај мене и вечеравме заедно“.
Сепак, пресвртот се случи кога Лионел Меси дојде во ПСЖ, по што францускиот репрезентативец целосно се смени.
“Имавме неколку добри години заедно, но откако дојде Меси беше малку љубоморен. А потоа имаше неколку конфликти и промени во однесувањето”, додаде Бразилецот, кој секогаш добро се согласуваше со Меси.
Сега Нејмар настапува за Ал Хилал каде се повреди претходните две сезони, а се шпекулира дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС.