Нејмар и неговата девојка го чекаат првото заедничко дете! Погледнете како двојката ја објави среќната вест: “Ќе се придружиш на прекрасното семејство кое веќе многу ве сака!“ (фото)

Фудбалската мега-ѕвезда Нејмар (31 г.) и неговата девојка Бруна Бјанкарди (28 г.) на социјалната мрежа Инстаграм објавија дека го очекуваат своето прво заедничко дете.

Бразилскиот фудбалер веќе има син по име Дави Лука (12 г.) со неговата поранешна девојка Каролина Дантас.

Двојката на социјалната мрежа Инстаграм сподели неколку фотографии на кои се гледа Бруна со трудничкиот стомак додека Нејмар ја прегрнува и бакнува.

Те сонуваме, го планираме твоето пристигнување и знаеме дека си тука да ја завршиш нашата љубов и да не израдуваш. Ќе се придружиш на прекрасно семејство кое веќе многу ве сака! Дојди, те чекаме!“, напишаа во објава која ги подгреа гласините за свршувачка поради прстенот што девојката го носеше на раката пред некое време.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОБЈАВАТА ОВДЕ.

Нејмар и Бруна почнаа да се забавуваат во 2021 година, но дури во 2022 година тие официјално потврдија дека се заедно. Сепак, тие се разделија во август 2022 година пред да одлучат да ја обноват својата романса.

Инаку, Нејмар настапува како напаѓач за Пари Сен Жермен, а е и репрезентативец на Бразил.

Бруна БјанкардиживотљубовНејмар