На крајот на 2023 година ѕвездата на Ал Хилал и бразилската фудбалска репрезентација Нејмар организираше крстарење на кое се случи голема трагедија.
Влогер од Бразил, Карлос Алберто Мота Кандрева, скокна од палубата во водата. Неговото тело сè уште не е пронајдено, неколку дена по немилиот настан.
„MSC Preziosa“ е името на бродот што беше домаќин на крстарењето од 26 до 29 декември 2023 година. Цените што требаше да се платат за патувањето беа меѓу 900 и 5.700 евра.
Карлос Алберто Мота Кандрева беше еден од гостите. 32-годишниот бразилски влогер требало да учествува на раскошна забава.
Според британскиот таблоид „Сан“, во раните утрински часови на 30 декември минатата година, тој ја прескокнал палубата на бродот од 18 нивоа. Сè се случило пред очите на неговата девојка Виторија Барбара Моменсо.
Двајцата беа во врска околу две години. Младата девојка рече:
– Немав како да тргнам по него. Сè се случи многу брзо. Бев шокиранa, само следев што се случува.
По укажаната лекарска помош на бродот, таа дала изјава во бразилската полиција. Сепак, неговото тело сè уште не е пронајдено.
Кристијана Мота да Силва, сестрата на Карлос Алберто, ја обвини дотичната девојка дека е виновна за сè. Таа вели дека нејзиниот мотив биле само парите на нејзиниот брат.
– Карлос беше практично скршен. Ги потроши сите мои пари. Ги купил билетите за ова крстарење бидејќи тоа било нејзиниот сон. Таа никогаш нема да признае, но таа е одговорна за сè што се случи. Таа не го фрли во вода, но таа е таа што го доведе до оваа точка – рекла сестрата на влогерот.
Потрагата по жртвите е започната со два чамци. До сега, неговото тело не е пронајдено.
Во моментот на несреќата Нејмар не бил на бродот. Имено, тој го напуштил бродот непосредно пред да се случи инцидентот и не бил сведок на тоа.