Бруна Бјанкарди се огласи откако беше објавено видео на кое се гледа дека нејзиниот вереник, познатиот фудбалер Нејмар кој сега игра за Ал Хилал во Саудиска Арабија, ја изневерува со две девојчиња, додека таа во исто време чека дете со него.
Порталот LeoDias сподели видео на кое се гледа како Нејмар се дружи со девојки во ноќен клуб. Видеото предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, а многумина испратија зборови на поддршка до Бруна Бјанкарди.
Бруна Бјанкарди се огласи на социјалната мрежа Инстаграм по веста дека повторно е изневерена.
„Дознав што се случи и повторно сум разочарана. Во последната фаза од бременоста, фокусирана сум на ќерка ми и мислам само на неа во овој момент. Благодарна сум за вашите пораки за поддршка“, напиша таа.
Како што е веќе познато, Нејмар, во јуни за прв пат призна дека ја изневерил и ѝ се извини на Инстаграм.
Наводниот „договор“ меѓу двојката е дека Нејмар може да биде со други девојки се додека е дискретен. Нему му е забрането да биде со проститутки и да води љубов без кондом, а не смее да ги бакнува во уста. Дотогаш, 31-годишниот фудбалер наводно слободно може да флертува, па дури и да има секс со други жени.