НЕЈМАР ЈА ПОМИНА ТЕШКАТА ОПЕРАЦИЈА – Бразилецот ќе е надвор од терените помеѓу шест и 12 месеци

Бразилскиот фудбалер Нејмар денес бил опериран на зглобовите и менискусот во болницата во Бело Хоризонте, јавија локалните медиуми. Операцијата ја извршил познатиот доктор Родриго Ласмар.

Операцијата на Нејмар траела четири часа, објавија медиумите. Се очекува тој да биде пуштен од болница во сабота.

Бразилскиот напаѓач се повреди на 17. октомври на квалификацискиот натпревар на Бразил против Уругвај за Светското првенство.

Се очекува опоравувањето да трае меѓу шест и 12 месеци, а тој најверојатно ќе го пропушти претстојниот Копа Америка во јуни во САД.

Во четвртокот, Нејмар напиша порака на социјалната мрежа Инстаграм

Се ќе биде добро“.

Нејмар е најдобриот стрелец на Бразил на сите времиња, откако минатиот месец го собори рекордот на Пеле со неговиот 78-ми гол за националниот тим.

Тој летово се пресели од Пари Сен Жермен во Саудиска Арабија во зделка вредна 90 милиони евра.

БразилНејмароперацијаповредафудбал