Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, по излегувањето од затвор за прв пат се појави пред камерите.
Одбраната на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, како и одбраната на другите осудени, денес во Апелациониот суд Скопје побара укинување на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“.
За ова, Јовановски се огласи на својот Фејсбук профил.
„Од денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје: Барам фер судење во повторена постапка пред Основниот кривичен суд, милост не барам!
Во однос на мојата здравствена состојба, ќе се огласам сега за прв и последен пат: Јас сум со траен инвалидитет, кој не е пропратен со физички деформитети и видливост.
Затоа апелирам до јавноста моето здравје да го оставиме на лекарите и нивните стручни проценки. Ваква здравствена состојба не посакувам никому, оттука замолувам и апелирам на воздржаност и човечност“, стои во објавата на Јовановски.