Теодора Џехверовиќ и Нино Челебиќ неодамна ставија крај на врската за која медиумите многу пишуваа, а кошаркарот сега ужива во нова љубов.
Иако долго време не сакаше да го отвара прашањето за раскинувањето, Теодора проговори и на оваа тема, која откри како продолжила понатаму и како го преболела Челебиќ.
Имено, Теодора на својот Инстаграм профил поставила опција следбениците да ја прашаат што ги интересира, а некој ја прашал како да преболи раскинување, каде пејачката целосно си ја отвори душата:
– Да се работи на себе е најдобриот лек за сè! Кога би можела да го вратам времето, некои работи би ги направила поинаку, а пред сè, не би губела време со луѓе кои не се за мене – напишала Теодора.