Не би се натпреварувал повеќе на Евровизија! По победата на Швајцарецот, Бејби Лазања изрази јасен став за натпреварот „Не, благодарам…“ (фото)

Поминаа три дена од финалната вечер на Евровизија а страстите сè уште не се смирени. На овогодинешното издание на престижното натпреварување победи Швајцарецот Немо, додека вицешампион беше Бејби Лазања.

Иако ја освои титулата вицешампион на Евровизија, авторот на хитот „Рим Тим Таги Дим“ ги освои срцата на публиката не само на Балканот, туку и во цела Европа.

Од неговото враќање во Хрватска, младиот уметник е во центарот на медиумските случувања, а сите се прашуваат дали повторно ќе се пријави за Дора (националниот натпревар за избор на песна за Евровизија), на што Ласања изрази јасен став.

– Не, благодарам. Можеби како автор, но вака го исполнив она што можев и засега сум добро – изјавил при гостувањето на RTL Direkt, пренесува Index.hr.

Победата за влакно му побегна

Потсетуваме дека младиот уметник за влакно ја испушти победата. Бејби Лазања беше прв во обложувалниците пред неколку недели, но победата ја освои репрезентативецот на Швајцарија Немо Метлер со песната „The Code“.

Во големото финале се пласираше на второто место со 547 бодови, додека победникот – претставникот на Швајцарија, Немо, имаше вкупно 591.