Новак Ѓоковиќ на импресивен начин го заврши финалето на АТП во Торино.
Со победата над Јаник Синер се зацврсти на чело на АТП листата и по осми пат во кариерата ја завршува сезоната како број еден.
Со ова тој обезбеди уште најмалку десет недели на чело на листата, но и на позицијата прв носител на Грен слем турнирот во Мелбурн.
Тоа беше Австралија Опен за кој зборуваше поранешниот број еден, Американецот Енди Родик.
На Тенискиот канал му беше побарано да предвиди кој ќе победи на Австралија Опен.
„ Се работи за мојата досадна прогноза и ќе повторам затоа што истото го кажав вчера и пред три дена, а тоа е дека нема да се обложувам против Ѓоковиќ “, вели Родик.
Иако верува дека некој од помладите играчи може да се вклучи во битката за титулата, Енди додава дека јасно е кој е прв фаворит.
„ Не значи дека не верувам дека некој друг има шанса, но нема да ги ставам парите против Ѓоковиќ. Сигурно не го сменив мислењето за него и врз основа на она што го видовме против Алкараз и Синер Се обложувам на Новак“, заклучи Родик .
Ѓоковиќ ја заврши сезоната со седум титули и има 11.245 бодови.