Нутриционистка споделува рецепт за подмладување на лицето!
По 25-години живот, производството на колаген, главната компонента на коските, кожата, мускулите, тетивите и ‘рскавицата, природно се намалува во телото. Подоцна со текот на животот се намалува сè повеќе, што се манифестира преку знаци на стареење.
И додека има луѓе кои повеќе би сакале да одат „под нож“ и да се одлучат за инјекции на ботокс, има и такви кои се водат по тоа – „природното е најдобро“! Една од нив е и нутриционистката Мети Харингтон, кој на својот профил на социјалната мрежа Тик Ток го сподели својот природен рецепт за подмладување, нарекувајќи го – „Ботокс во шише“.
Како што истакнува таа, потрошила големи суми пари за нега на лицето, додека не сфатила дека кожата испушта се што јадеме. Се што ви треба е свежо овошје и зеленчук!
Еве од што се состои рецептот за подмладување на кожата на лицето. За едно шише природен „ботокс“ потребни ви се половина јаболко, две цвекла, сок од алое вера, неизлупена краставица, листови од нане, половина лимон и две шолји вода. Сето тоа можете да го ставите во блендер и да изблендирате.
Секоја од овие намирници има свои здравствени придобивки. Јаболкото е богато со витамин Ц, цвеклото влијае на процесот на стареење и го забавува процесот, ја намалува пигментацијата и се бори против акните. Алое вера е одлична за воспаленија и проблеми со кожата, како што се псоријаза и дерматитис, додека краставицата делува како навлажнувач. И конечно, нането има „антивирусни“ и „антибактериски“ својства.
Според магазинот Mount Sinai Health, нането убива некои видови бактерии, габи и вируси, барем во епруветите, што сугерира дека потенцијално може да има „антибактериски, антигабични и антивирусни својства“.