НЕ ГИ ТРГАШЕ ОЧИТЕ ОД НЕА: Откриено е која е МИСТЕРИОЗНАТА УБАВИЦА која го остави без здив Мбапе – за неколку часа доби 100.000 фанови

Едно исклучително интересно видео од забавата што ја организираше Килијан Мбапе предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Брилијантниот Французин го заврши патувањето во ПСЖ и наскоро ќе стане нов играч на Реал Мадрид.

По тој повод, Мбапе неодамна организираше проштална забава со соиграчите. По вечерата во Париз, имаше незаборавна забава со пријателите во Кан, а едно видео од оваа дружба привлече невидено внимание на социјалните мрежи.

Имено, додека тој разговарал со своите пријатели пред Мбапе една убава жена мафна со знамето на Франција. Со својот изглед таа целосно го шармираше познатиот фудбалер кој не можеше да го тргне погледот од неа.

Видеото брзо стана вирално и сите се запрашаа која е мистериозната жена која го шармираше Французинот.

Набрзо беше откриено дека девојката се вика Леа, таа е инфлуенсер и модел. Интересно, пред да биде означена во објавата, на Инстаграм имала 10.000 следбеници, а сега има повеќе од 100.000.