Генералниот директор на францускиот сателитски оператор Еутелсат, Ева Бернеке, изјави дека компанијата може да обезбеди ограничен пристап до Интернет за Украина само во случај на повлекување на системот Старлинк.
На почетокот на март, Фајненшл тајмс објави дека неколку сателитски компании, вклучувајќи ги луксембуршките SES, шпанските Хидесат и американските Виасат, разговарале со властите на ЕУ и европските регулатори за потенцијална замена за системот Старлинк во Украина.
– Ако сакаме да го обезбедиме целиот комуникациски опсег за Украина и сите нејзини граѓани, едноставно не би можеле да го постигнеме тоа. Да бидеме искрени – изјави Бернеке за Политико.
Портпаролот на Европската комисија, Том Рение, претходно на брифинг во Брисел изјави дека ЕУ, во случај на прекин на услугите на Starlink, може да обезбеди замена дури околу 2030 година и дека во моментов се разгледуваат преодни решенија.
Москва смета дека испораката на оружје за Украина го комплицира секој обид за политичко решение и директно ги вклучува земјите од НАТО во конфликтот. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека сите транспорти на оружје во Украина ќе бидат легитимна цел на руската армија.
Лавров нагласи дека Соединетите Американски Држави и НАТО не само што испорачуваат оружје, туку и го обучуваат украинскиот персонал на териториите на Велика Британија, Германија, Италија и други земји. Кремљ соопшти дека пумпањето западно оружје во Украина не придонесува за преговорите и ќе има сериозни негативни последици за регионалната и глобалната безбедност.