Не е нормално на ден да има по 40 нови пожари, апелирам на зголемена внимателност и одговорност, рече вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.
Ангелов во изјавата до медиумите испратена од пожарот во близина на Козјак, рече дека пожарот стигнал до викенд населбата и дека утре ќе продолжат со гаснење.
Говорејќи за пожарот кај селата Брезница и Тажево, Ангелов рече дека веќе 19 дена тлее и дека денеска и покрај сите напори на вработените во “Јасен” навлегол во ловиштето.
Директорот кажа дека пожари има и во регионот како Србија и Грција и дека Србија од утре го повлекува нивниот хеликоптер.
„Најголем дел од пожарите се подметнати и затоа апелирам до граѓаните ако забележат сомнително лице во близина на шуми, да се јават на 112″, рече Ангелов.