Не е само Нагелсман опција за Германците: Клоп тврди дека би била голема честа да се биде селектор

Фудбалската федерација на Германија го отпушти Хакси Флик по катастрофалното издание и поразот од Јапонија (1:4).

Како наследник веќе сите го гледаат Јулиан Нагелсман, но тој не е единствената опција, напротив, Германците размислуваат и за тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој има одлично резиме и CV, па и тој е можна опција за клупата за неколку месеци.

Германците имаат план, сакаат да му понудат договор со сериозни бројки, покрај тоа тие сакаат тој да заврши со Ливерпул, но не по секоја цена.

Ова лето Јирген Клоп во неколку наврати се обиде да флертува со германската репрезентација:

Би била голема честа да се биде селектор на Германија, но постои една работа која стои пред нас, а тоа е мојата лојалност. Имам одговорност кон Ливерпул како клуб“, порача Клоп.

Ова може, но и немора да значи ништо, но едно е сигурно, Јирген Клоп е сериозна опција за клупата на „панцирите“ доколку не се договорат со Нагелсман.