Црногорскиот угостител реши да си ја отвори душата и да каже што мисли за актуелната сезона во Црна Гора. Во видеото кое го објави тој беше брутално искрен за тоа колку сè станало скапо.
„Веќе не е тајна дека летната сезона во Црна Гора е пропадната. Како некој што е роден овде, живее и работи во туризмот, издавајќи станови во приватниот сектор, единствено што можам да кажам е дека сум исклучително среќен аа тоа. Зошто?“, започна тој во видеото што го објави на „niko_mar_10“ профилот на TikTok.
Потоа ги наведе причините:
„Затоа што ги окупиравте сите плажи и им ставивте огромни давачки. Човек веќе не може да оди на плажа и да се бања пристојно, туку мора да потроши вистинско мало богатство.
Не е нормално становите во приватниот сектор да чинат од 30 до 60 евра за двајца, а исто толку да потрошите за две лежалки и чадор на плажа за само неколку часа.
Не е нормално еден хамбургер да чини меѓу 4 и 6 евра, не е нормално парче пица да чини исто. Не е нормално 10 ќебапи со помфрит да чинат од 10 до 12 евра, не е нормално парче пржено пилешко на некое зелено пире да чини од 15 до 20 евра.
Не е нормално кафето да чини меѓу 2 и 4 евра, а исто толку и шишето вода од 0,25л.
Не е нормално ништо од ова што го направивте и многу ми е мило што сето тоа ви се враќа. Единствено за што жалам е овој обичен народ на кој му ја одземавте душата и правото да ужива во нашето прекрасно море. Се што сакам е да… Ќе замолчам“, заврши тој.
@niko_mar_10 #fyp #foryoupage #fy #foryou #fypシ ♬ original sound – Niko_Mar_10
Ова видео беше проследено со низа коментари за поддршка, а многумина му честитаа за искреноста.
„Проблемот на туризмот во Црна Гора е што ги преценува своите можности. Не е проблем да платиш за нешто, проблем е што услугата не постои“, „Нема да одам таму дури и да ми понудат бесплатно “, „Благодарам за искреноста“, се дел од коментарите.