„Не знам дали некогаш ќе се вратам во училиште“ – Се огласи момчето што се најде на листата на убиецот во училиштето

„Кога слушнав дека сум на списокот, се шокирав. Не знам како повторно ќе седнеме во училишните клупи, многу беше трауматично. Телата на моите другари паѓаа насекаде. Не знам дали некогаш ќе се вратам на училиште“, вели за „Блиц“ момчето што се најде на списокот на Коста Кецмановиќ (13), кој вчера уби осум врсници и чувар од училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Момчето било потресено од трагедијата што се случила во неговиот клас. Тој отишол на час со повредените деца и убиецот, а како што вели, класот на Коста бил главна цел.

„Кога влезе, ја удри наставничката во вратот за да не може да го спречи. Таа беше добра со него. Беше добар ученик по сите предмети. Немаше лоши оценки. Не се фалеше со одење на стрелиште, цело време молчеше, беше повлечен“, изјави момчето за „Блиц“, кое било на списокот на Коста Кецмановиќ.

„Со тие што не беа на списокот, а ги застрела, не се дружеше. Никој не го навредувал и не се расправал со него. Сите мои пријатели беа на списокот“, вели момчето.

Како што објаснува, учениците првин мислеле дека е петарда, а кога влегол Коста, само почнал да пука.

Осум деца и еден чувар биле убиени во средата наутро во вооружен напад на тринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник биле повредени, а напаѓачот уапсен.

Момчето К. К. влегло во училиштето со два пиштола и четири „молотови коктели“. Имал список за ликвидација на деца, како и план како тоа да го направи. Резултатот од неговата крвава гозба е девет убиени и седум ранети.