„НЕ МЕ ГЛЕДАЈ ТАКА“ Реакцијата на Мелони на говорот на колега во парламентот го обиколи светот – заврши на насловната страница на познат магазин (ФОТО, ВИДЕО)

Фотографијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони, која го криеше лицето во јакната за време на дебата во римскиот парламент, стана „вирална“ во последните неколку часа.

Фотографијата ја репродуцираа сите италијански медиуми, но особено се истакна “Wall Street Journal”  кој ја стави на насловната страница.

„Не ме гледај така“

Целиот инцидент е поврзан со говорот на италијанската премиерка во парламентот. За време на краткиот дијалог, шефот на италијанските екологисти, Анџело Бонели ѝ рекол „ да не го гледа со поглед што предизвикува силна загриженост “.

Премиерката на државата реагираше со спектакуларен потег — прво широко ги рашири рацете, а потоа веднаш се „скри“ во јакната. Сцената ја снимија сниматели и фотографи, а набрзо се прошири низ медиумите и социјалните мрежи.

Необичниот настан го коментираше и самата Мелони.

– Забележувам дека многумина од опозицијата реагираа со изненадување бидејќи иронично , покривајќи го лицето, одговорив на изјавата на лидерот на екологистите за да не предизвикам стрес кај мојот колега – рекла Мелони, а потоа му се извинила на колегата и на сите кои можеби чувствувале некаква загриженост.